Бадел е првиот финалист во женска конкуренција во Купот на Македонија, откако актуелните шампионки на Македонија славеа на дуелот со Струга со убедливи 59-40.
Стружанки парираа до пред самиот крај на првото полувреме, но потоа Бадел успеа резултатски да се одлепи и на крајот да стигне до победата.
Ривал во финалето на „баделки“ ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Вардар и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА