Спал направи изненадување и го совлада актуелниот првак Јувентус на домашен терен со 2-1, правејќи голем чекор напред кон опстанокот во Серија А. На Јувентус му беше потребен само бод за официјализирање на новото „скудето“, но и понатаму ќе има 20 бода предност во однос на Наполи на седум кола до крајот на шампионатот.
Моисе Кин во 30.минута го доведе Јувентус во водство, но во вториот дел Спал направи комплетен пресврт. Бонифаци во 49.минута успеа да израмни, а Флокари во 74.минута се погрижи за комплетен пресврт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА