Избришан срамот од Грција: Три бода од двомеч со Исланд добар капитал за пат кон ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација е на добар пат да заврши на првото место во квалификациската група за пласман на ЕП 2020 откако од априлскиот двомеч со Исланд на крајот извлече три бода.

Двата почетни натпревари со новиот селектор Данило Брестовац завршија позитивно, како начин да се избрише оној срамен пораз од Грција во Кожани, па сега целокупната ситуација е во полза на македонските ракометари. Сето тоа го препознаа вечерва и преполните трибини во СЦ„Борис Трајковски“ во Скопје кои ги наградија Кире Лазаров и соиграчите за ефектот против Исланѓаните….

 

Се вчитува...