Лил го декласира Пари Сен Жермен со 5-1, а блескава партија на синоќешниот меч од францускиот шампионат имаше Николас Пепе. Постигна еден гол, но имаше асистенции и неверојатни потези. По мечот, претседателот на Лил, Жерар Лопес, потврди дека најдобриот играч на тимот ќе си замине во летниот преоден рок. За него се интересираат Баерн Минхен и Арсенал.
„Сигурно е, Николас ќе не напушти по завршувањето на сезоната. За него постои огромен интерес од европските клубови. Вредноста му е таква, што ние не можеме веќе да ги игнорираме понудите“, изјави првиот човек на Лил.
Николас Пепе е првиот фудбалер кој оваа сезона во Франција стигна до двоен двоцифрен ефект, од 18 гола и 11 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА