Мбапе: Против Лил игравме како почетници

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе беше критички настроен кон тимот, по катастрофата која им се случи на мечот со Лил во домашното првенство. Мбапе ја критикуваше играта на ПСЖ, на мечот кој го загубија со 5-1, додавајќи дека „играле како почетници“.

„Ќе бидемe шампиони на крај, но кога губиш 5-1, ти го губиш и шампионскиот менталитет. Не беше нормално, Лил е добар тим, има одличен стадион и навивачи, но ние мораме да играме со поголем мотив. Тоа е една од нашите грешки. Денеска игравме како почетници, мораме повеќе да се фокусираме, имаме натпревар против Нант во среда и мораме да престанеме да губиме на таков начин“, изјави Мбапе. 

ПСЖ кој на последните два натпревари во Лига 1 нема победа, на чело на табелата има големи 17 бода предност, а титулата во домашниот шампионат може да ја осигура веќе в среда, кога избраниците на Томас Тухел му гостуваат на Нант.

Се вчитува...