Судир на фејсбук: Антиќ vs Темел…паднаа навреди „Алхемичарот“ vs „Татиниот син“ (ФОТО)

Само неколку часа од промоцијата на кандидатурите и уште многу далеку од евентуалното изборно собрание, претендентите за претседателската функција во МКФ се пресметаа на Фејсбук.

Перо Антиќ не одолеа на објавата за кандидатура на Владимир Темелковски на неговиот личен профил на социјалната мрежа. Коментираше дека актуелниот директор на МКФ ја добил позицијата благодарение на политичките конекции, особено на неговиот татко.

Паѓаа навреди од двете страни. Преписката траеше подолго време, имаше и неумесни квалификации.

И Антиќ и Темелковски ги потврдија кандидaтурите за наследник на Петар Наумоски кому мандатот му истекува пролетва.

 

 

 

 

Се вчитува...