Хенес: Веднаш би го донел Мбапе во Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен води жестока битка за шампионската титула со Борусија Дортмунд во Бундес-лигата, но раководството на клубот веќе размислува за засилувањата што треба да пристигнат претстојното лето. Првиот човек на клубот Ули Хенес вели дека доаѓа период во кој баварскиот тим треба да се реновира.

„Претстојното лето ќе биде многу важно за клубот. Дојде време Баерн Минхен да ги вложи тешко заработените пари во неколку нови засилувања, во обновување на составот. Ќе заминат неколку фудбалери кои долг период беа на „Алијанц арена“, го дадоа максимумот за трофеите што ги освоивме, а сега треба да бидеме мудри и да доведеме достојни замени, свежа крв која ќе го носи клубот и во наредната деценија. Ако мене ме прашувате, за мојата лична желба, јас веднаш би го донел Килијан Мбапе. Но, тоа не е лесна мисија“, изјави Ули Хенес за германските медиуми.

Баерн Минхен веќе ги доведе Лукас Хернандез и Бенјамин Павар за вкупна сума од 115 милиони евра и ја реновираше одбраната. Следна цел се средниот ред и нападот.

Се вчитува...