Сопственикот на францускиот прволигаш Рен, Франсоа – Анри Пино ќе донира 100 милиони евра за обновување на катедралата Нотр Дам која вчера беше зафатена од голем пожар. Една од најзначајните знаменитости во Париз стара 850 години ја зафатија силни пламени јазици, но пожарникарите сепак успеаја да спасат најголем дел од градбата. Сега цела Франција е во обид да го обнови важниот споменик на културата.
„Јас и татко ми одлучивме да одделиме 100 милиони евра од нашата компанија и да ги донираме за целосна реконструкција на катедралата. Таа е важен дел од историјата на Франција. Сакаме што е можно побрзо да биде обновена и повторно сите да се гордеме“, изјави синот на Франсоа – Абри Пино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА