Кардиф предаде докази во ФИФА, одбива да го плати обештетувањето за Сала

Англискиот премиерлигаш Кардиф ги предаде до централата на ФИФА доказите за спорот со Нант околу исплатата на трансферот на трагично загинатиот фудбалер Емилијано Сала. Тој потпиша договор со Кардиф, но загина во кобниот лет кон Кардиф.

Англискиот клуб одбива да го плати обештетувањето на Нант во износ од 15 милиони евра. Аргентинецот на 19.јануари потпиша договор со Кардиф, но два дена подоцна загина во падот на авионот. Од клубот од Велс порачуваат дека трансферот не бил завршен до крај, а Нант се повикува на правилата на ФИФА која го регистрирала фудбалерот на 29 јануари. Од Кардиф тврдат дека и Премиер – лигата го одбила договорот за Сала и затоа истиот е ништовен.

 

Се вчитува...