Стерлинг е кошмар за Тотенхем, Сити брка уште еден гол за полуфинале

Манчестер Сити со предност од 3-2 ќе влезе во второто полувреме од реваншот со Тотенхем, откако „граѓаните“ експресно се вратија од негативата од 1-2 по двата гола н Кореецот Сон.

Бернардо Силва израмни на 2-2, а водечкиот гол за Сити беше дело на Стерлинг, кој со два погодоци потврди зошто важи за „кошмар за лондонскиот клуб“.

Иницијативата на „граѓаните“ се очекува да продолжи и во второто полувреме, со оглед на фактот дека домаќините бркаат победа од два гола разлика за да се пласираат во полуфиналето.

Се вчитува...