Будуќност славеше против Црвена Звезда со 80-72 во третиот меч од финалната серија од АБА лигата, па црногорскиот тим намали на 2-1. Сепак, голема дамка на мечот фрли нападот на функционерите на Црвена Звезда од навивачи на Будуќност.
Тренерот на Будуќност, Јасмин Репеша им се извини на белграѓани притоа истакнувајќи дека повеќе од тоа ништо не може да направи.
„Не беше ниту блиску од она во Белград, но ако некој е навреден, повреден, еве јас се извинувам. Тоа е она што може да го направам во овој момент. Не знам што друго да направам. Да земам пиштол и да се убијам или да побегнам од сите вас“ – изјави Репеша по синоќешниот натпревар.
Четвртиот меч од финалната серија меѓу Будуќност и Црвена Звезда се игра утре од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА