Македонската женска кошаркарска репрезентација на 9. и 10. мај во Белград ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Србија.
МКФ одговори потврдно на поканата на Српскиот кошаркарски сојуз да се одиграат пријателски натпревари, во рамки на подготовките на нивниот национален тим пред настапот на Европското првенство кое од 27. јуни до 7. јули се одржува во Летонија.
Нашата сениорска репрезентација, по неколку години пауза од каква било репрезентативна активност, не успеа да се пласира на престојниот континентален собир. Квалификациите за следното Европско првенство 2021 стартуваат во ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА