УЕФА ги промени термините за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите во кои ќе се сретнат Тотенхем – Ајакс и Барселона – Ливерпул. Серијата возбудувања ќе почнат на 30. април (вторник), кога во Лондон, Тотенхем ќе го пречека холандскиот Ајакс. Ден подоцна, односно на 1. мај (среда) во вториот полуфинален меч на „Камп Ноу“, Ливерпул ќе и гостува на Барселона.
Реваншот меѓу Ливерпул и Барселона ќе се игра на „Енфилд Роуд“ на 7. мај, а следниот ден ќе биде познат и вториот учесник во големото финале, по реваншот на „Јохан Кројф арената“ меѓу Ајакс и Тотенхем.
Големото финале е закажано за 1. јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА