Нови проблеми за Работнички: Ќе му биде домаќин на Кожув во Гостивар

Работнички сепак нема да биде домаќин во арената „Борис Трајковски“ во второто коло од кошаркарската Супер лига. Во дуелот од второто коло Работнички ќе го пречека Кожув во салата во Гостивар. Ваквото решение е изнудено поради зафатеноста на салата „Борис Трајковски“.

Ова се дополнителни компликации за шампионот чија матична сала не ги исполнува критериумите за натпревари од суперлигашката конкуренција.

Во салата во Гостивар в сабота ќе има двојна програма со оглед дека и домашниот клуб е домаќин во 2.коло. Па Работнички и Кожув ќе играат од 15.30 часот, а Гостивар и Куманово од 18.30 часот.

 

 

 

Се вчитува...