Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години стигна до првата победа на силниот интернационален турнир во Бугојно славејќи убедливо против Србија со 35-26.
По поразот од Германија во првото коло, избраниците на Данило Брестовац сега убедливо славеа против српската селекција во натпревар во кој триумфот беше најавен уште по првото полувреме кое заврши со предност на Македонија од 16-7. Во второто полувреме само рутински се одржуваше предноста за конечна победа.
Најефикасен во редовите на Македонија беше Костески со 13 гола од 14 обиди кон противничкиот гол, а девет погодоци запиша Серафимов.
ФОТО: Балкан-хендбол
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА