Кошаркарите на ЦСКА Москва доживеаја неочекуван пораз од Басконија на домашен терен во вториот натпревар од четвртфиналното разигрување во Евролигата.
По триумфот во првиот дуел, ЦСКА загуби од Басконија со 68-78, па сега Шпанците со „брејк“ го продолжуваат разигрувањето во обид за пласман на завршниот Ф4 турнир.
Дека е цврсто решена да дојде до победата екипата на Басконија покажа уште во првата четвртина од мечот која ја доби со девет поени. Откако во вториот период од играта Русите се вратија, одлучувачка беше третата четвртина низ која и дефинитивно Басконија создаде предност за конечна победа од 68-78.
Најефикасен во победничкиот тим беше Дарун Хилард со 16 поени, а 15 поени постигна Шевон Шилдс. Кај домашните Хигинс со 15 поени и Клибурн со 14 поени беа најефикасни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА