Работнички со последна опомена до Наумоски и МКФ!

Управата на Работнички се повеќе го губи трпението кон раководството на Македонската Кошаркарска Федерација откако се уште не доби одговор на барањето да ја добие на увид финансиската состојба и обврските на клубовите кон МКФ.

Претседателот Наумоски на последниот состанок на Здружението на Прволигаш најави дека тоа ќе им го дозволи со согласност на Управниот Одбор, а од Работнички реагираат дека не ги добиле документите што ги бараат ниту по вчерашната средба на УО на МКФ. Токму затоа, „центарци“ денеска испратија ново соопштение, со наслов „Последна опомена“ што го пренесуваме во целост:

КК Работнички Ад за последен пат ги предупредува МКФ

Почитувани,

Неколку пати пративме дописи до МКФ за да ни одговорите на неколку прашања и да постапите по нашите барања согласно статутот на МКФ. До денес немаме никаков одговор.

1. Бараме од МКФ и нејзиниот престедател да ни достават на увид целата финансиска состојба и обврските према МКФ кои ги имаат сите членки на федерацијата и пред се прволигашите

2. Да постапите согласно нашето барање за суспензија согласно статутот за сите клубови кои не ги испочитувале своите обврски

3. Да ни одговорите како суспензии важат за едни клубови а за други не

4. Зошто само Работнички и Вардар се оштетени со суспендирање на салата а за суспензија на другите клубови по други основи нема ништо. Доколку денес не добиеме одговор на нашите барања ве уверуваме дека од понеделник ќе ја започнеме правната битка према други институции.

Ќе бараме одговорност од првиот човек на федерацијата, комесарот и сите останати кои согласно статутот ја злоупотребиле својата позиција. Затоа ве предупредуваме за последен пат !!!

Со почит КК РАБОТНИЧКИ АД

Се вчитува...