Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп е убеден дека неговиот тим влегува подготвен во завршната борба за двата највредни трофеи во сезоната. Црвените од „Енфилд“ ги очекува полуфинале во Лигата на шампионите со Барселона и борба со Манчестер Сити за титулата во Премиер-лигата.
„Не сме изморени. Сега е најважниот дел од сезоната и не смееме да чувствуваме умор. Тренираме со слаб интензитет како би биле подготвени за последните мечеви. Се бориме во две натпреварувања за трофеи и тоа е знак дека сезоната е одлична“, изјави Клоп.
Ливерпул во недела ги очекува гостување во Велс, кај екипата на Кардиф, натпревар кој е со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА