Реал Мадрид рутински против Панатинаикос за 2-0 во четвртфиналната серија

Реал Мадрид е единствениот тим кој го одбрани домашниот паркет во четвртфиналните серии во Евролигата, совладувајќи го грчки Панатинаикос и во вториот меч, овојпат со 78-63.

„Кралевите“ со одлична игра во одбраната, го решија победникот уште во првата четвртина која ја добија со убедливи 21-8. Втората четвртина се намали темпото на играта, за на полувреме Реал Мадрид да замине со предност од 35-26. Во продолжението на мечот разликата само се зголемуваше, за конечна победа на  избраниците на Пабло Ласо, од 78-63.

Сите кошаркари кои добија шанса во дресот на Реал Мадрид запишаа поени, а најефикасни беа Кампацо со 13 и Тејлор со 11 поени, додека прв стрелец на Панатинаикос беше Дешон Томас со 13 поени.

Се вчитува...