Елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите ја наруши атмосферата во таборот на Јувентус, каде постоеше оптимизам дека годинава конечно ќе се стигне и до титулата европски првак. Дел од медиумите пишуваа и за големо незадоволство на Кристијано Роналдо, се говореше за негово заминување од Торино, но тренерот Алегри е убеден дека такво нешто нема да се случи.
„Роналдо имаше извонредна сезона и ќе игра на следниот дуел против Фиорентина. Нормално дека е разочаран, сите ние сме разочарани бидејќи сонувавме за пехарот во Лигата на шампионите. Сепак, ова не е математика – Јувентус плус Кристијано не значи дека титулата е сигурна. Роналдо е дел од иднината на Јуве и не се сомневам дека тој ќе остане до крајот на договорот“ – изјави Алегри.
Јувентус денеска ја пречекува Фиорентина, меч на кој триумф на „старата дама“ ќе значи и осигурување на ново скудето и продолжување на доминацијата на италијанската фудбалска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА