На Зинедин Зидан му беше ветена целосна контрола при трансферите кога прифати да се врати назад во Реал, но францускиот стратег веднаш се соочува со сериозен проблем и конфликт со претседателот Флорентино Перез на тема – Пол Погба. Добро познато е дека трофејниот стратег има високо мислење за својот сонародник, а во ситуација кога Погба размислува за заминување од „Олд Трафорд“, Зидан не крие дека сака да го доведе во Мадрид.
Проблемот е во тоа што Флорентино не сака ни да чуе за пристигнување на овој фудбалер на „Сантијаго Бернабеу“. Фудбалските квалитети на големиот ас не се доведуваат во прашање, но Перез е загрижен за карактерот на Погба, кој може да донесе до раздор во екипата, нешто што беше случај со Манчестер Јунајтед додека Мурињо седеше на клупата.
„Никако не го купувај Погба. Па тој секоја вечер е во различна дискотека“ – наводно бил предупреден Флорентино Перез од блиски пријатели, чие мислење првиот човек на Реал максимално го почитува.
Перез многу повеќе би сакал да го доведе Ериксен од Тотенхем како предводник на средниот ред и наследник на Лука Модриќ, но Зидан не отстапува од идејата за трансфер на Пол Погба. Ова е прв конфликт на тренерот и претсседателот на Реал по враќањето на Зизу назад во Мадрид, ќе биде интересно да видиме како ќе заврши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА