Ракометарите на Бутел испишаа нови страници во клупската историја откако обезбедија место на фајналфор турнирот во Купот на Македонија. Скопскиот суперлигаш сезонава дебитира во македонската ракометна елита, обезбеди и место во плејофот, а пласманот на Ф4 во Купот на Македонија е само уште еден доказ дека екипата предводена од Игор Котевски се движи во вистински правец.
Откако клучниот дел од работата го завршија со полуфиналниот триумф во својата група над Пелистер, играчите на Бутел ја оправдаа фаворитската улога на мечот со Тиквеш. Бутел го доби овој меч со убедливи 36-29, прашањето на победникот решавајќи го уште во првото полувреме што го доби со 24-13.
Давидовиќ со шест гола беше најефикасен во победничкиот тим, додека по пет пати меѓу стрелците се запишаа Мојсоски, Николов и Мајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА