Манчестер Јунајтед доживеа дебакл од Евертон и е се подалеку од позициите кои водат во Лигата на шампионите. Оле Гунар Солскјер се соочува со тешки мигови на клупата, откако дојде како спасител и го крена тимот по неуспесите што ги бележеа „ѓаволите“ под водство на Жозе Мурињо. Но, сега критики има се повеќе, а се огласи и поранешниот менаџер, Дејвид Мојес.
„Мислам дека никогаш не сум видел толку лош настап на Манчестер Јунајтед. Луѓето можеби и ќе побараат некој натпревар додека јас бев менаџер, морам да кажам дека не беше толку лошо како ова сега“, изјави Мојес.
Шкотскиот стратег беше менаџер на Манчестер Јунајтед на 51 натпревар, оствари 26 победи, имаше десет нерешени резултати и 15 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА