Кристијано Роналдо изненади многумина со доаѓањето во Хрватска, одлучувајќи во Дубровник да ги мине празничните денови за католички Велигден.
Роналдо вчера беше атракција во хрватскиот град на Јадранот посетувајќи и неколку локали. Негов водич беше Михо Обрадовиќ, сопственик на повеќе ресторани во овој град. Па, Обрадовиќ кој и во БиХ има заеднички ресторан со Един Џеко, и преку социјалните мрежи се пофали за друштвото со Роналдо. Очигледно Џеко и Миралем Пјаниќ се најзаслужните за одлуката на Роналдо својот одмор да го мине во Дубровник.
А, пријатни денови одмор очигледно има и Георгина која одлучи преку својот Инстаграм профил да се пофали за уживањето во Дубровник…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА