Ако Манчестер Јунјтед не обзбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, на играчите ќе им бидат намалени платите за 25 проценти. Ове е казнената клузула од догворите во случај тимот да не се палсира во елитното натпреврување.
Со оглед на тоа што се случува во последно време, Јунајтед е во крајно незавидна ситуација, во моментов е на шестата позиција на табелата со 64 бода, два помалку од Арсенал и Челси со тоа што „сините„ вечерва го играат натпреварот против Барнли.
Тимот на Солскјер по почентата еуфорија, влезе во сериозна криза, на последните пет премиерлигашки натпревари, има три пораза, а во послендото коло доживеа огромен срам во дуелот со Евертон кој го загуби со 4-0.
Дел од играчите свесни за извесното намалување на платите, веќе побарале огромно зголемување со што би ги неутрализирале овие 25 проценти помалку. Пол Погба и Давид Де Хеа се најгласни во оваа битка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА