Тухел: ПСЖ треба трпеливо да го чека својот момент за освојување на ЛШ

Пари Сен Жермен и официјално мина низ целта во францускиот шампионат, ја потврди новата титула, но и оваа сезона остана неисполнета големата желба на раководството на клубот – да се освои трофејот во Лигата на шампионите. Тренерот Томас Тухел вели дека тоа воопшто не е лесна мисија и дека „светците“ треба да го чекаат својот момент.

„Големата цел на ПСЖ е пехарот во Лигата на шампионите. Но, тоа не е лесна мисија. Тимот треба да биде добро изграден и да мине низ сите премрежија. Дури и клуб како Јувентус чека долго за освојување на најпосакуваниот европски трофеј. Ние мора да работиме напорно, да се подобруваме во секој сегмент и да го чекаме својот момент за освојување на ЛШ“, изјави Томас Тухел.

Пари Сен Жермен синоќа на „Паркот на принцовите“ го совлада Монако со 3-1, прославувајќи ја новата шампионска титула во Франција.

Се вчитува...