Реал Мадрид нема шанси за трофеи оваа сезона и фокусот веќе го насочи кон ангажман на нови засилувања во летниот преоден рок. Тренерот Зинедин Зидан ќе го реновира средниот ред, а негова прва опција е данскиот интернационалец Кристијан Ериксен. Тотенхем нема лесно да дозволи тој да замине на „Сантијаго Бернабеу“ и веќе ја одреди цената.
За Данецот да се пресели во Реал Мадрид, раководството на Тотенхем бара 50 милиони евра, но и Хрватот Лука Модриќ да се врати во лондонскиот клуб. Тој во 2012 година токму од Тотенхем се пресели во „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА