Стерлинг ќе го плати погребот на трагично починатиот младинец на Кристал Палас

Рахим Стерлинг ќе го плати погребот на трагично починатиот младинец од Кристал Палас, Дамари Докинс. 13-годишното момче почина во март. Стерлинг ја поддржа кампањата за собирање средства за пронаоѓање донор на клетки за Дамари кој боледуваше од лимфобластична леукемија. Донатор беше пронајден во декември минатата година, но болеста се врати во февруари.

„Дамари беше специјално момче кое ги допре нашите животи. Тој беше пример за тоа како да се биде позитивен до крајот“ – изјави Стерлинг.

Стерглинг ќе присуствува на погребот в петок. На репрезентативниот натпревар со Англија, по постигнувањето на голот против Чешка, Стерлинг го крена дресот покажувајќи ја заедничката слика со Дамари со тоа обидувајќи се да ја анимира јавноста за ситуацијата со болеста на момчето.

 

 

Се вчитува...