Зоран Шоров открива скандал: Македонски селектор и репрезентативец во борење со албанско знаме

Македонската боречка легенда Зоран Шоров на социјалните мрежи ја критикуваше постапката на селекторот на македонскиот национален тим Љуљзим Вранези и на репрезентативецот Елмедин Сејфулау, кои во текот на подготовките пред Европското првенство во Букурешт се фотографирале со албанското знаме и дел од албанските борачи.

„Македонската репрезентација на подготовки во Букурешт“, истакнува легендата Зоран Шоров во својот статус на Фејсбук. Потоа и додава „јас ги ценам Албанците кои се мои почитувани пријатели, ама тука ја претставуваме Македонија“. 

Натурализираниот македонски борач Владимир Егоров освои бронзен медал во категоријата до 57 килограми на Европското првенство во Романија, а потоа заедно со селекторот Љуљзим Вранези беше и на прием во Агенцијата за млади и спорт. Со резултатот постигнат во Букурешт, Владимир Егоров се стекна со стипендијата од светска категорија, односно, во наредните четири години ќе добива месечен износ од две просечни нето плати.

„Агенцијата за млади и спорт е горда на нашите борачи кои се вратија со високи резултати од последното Европско првенство во борење во Букурешт Романија. По пауза од една деценија, Северна Македонија повторно се враќа на европската боречка сцена како еден од фаворитите за освојување медали. Очекувам во наредните години Егоров, Елмедин Сјфулау и Могамедѓаѓи Нуров да бидат столбот на македонското борење и да донесат уште поголеми резултати, а ние како Агенција сме секогаш тука дадеме поддршка за уште поголем успех на нашата држава“, изјави Дарко Каевски при приемот на борачите.

.

Се вчитува...