Citroën во првиот квартал од 2019 година постигна исклучителен успех во Европа, во однос на регистрирани патнички и лесни комерцијални возила.
Од 12-те најголеми автомобилски брендови на европскиот пазар, Citroën е марка која од почетокот на годината забележа најголем раст. За патнички возила, Citroën е дури и единствената марка во Топ 12-те која воопшто бележи пораст и тоа за 5,8%, на пазар кој бележи пад од -3,2%. Во неколку земји Citroën забележа двоцифрен пораст во продажбата на патнички возила во првиот квартал, и тоа:
-
во Франција (најголемиот пазар на Citroën во Европа): + 10,3%
-
во Обединетото Кралство (четвртиот пазар по големина): + 16,8%
-
во Данска (седмиот пазар по големина): + 26,8%
-
во Португалија (осмиот пазар по големина): + 15,4%
Со ова Citroën доби 0,3 поени во пазарниот удел на патнички и лесни комерцијални возила споредено со првиот квартал од 2018 година. Пазарниот удел на патнички и лесни комерцијални возила на Citroën дури и се зголеми за +0,6 поени во Франција, со што достигна 11,8%, +0,6 поени во Шпанија достигнувајќи 7,4% (третиот пазар по големина) и + 0,3 поени во Италија достигнувајќи до 5,3% (втор пазар по големина).
Овој резултат му овозможи на Citroën да добие повисоко место во рангирањето помеѓу брендовите (7. наспроти 8. во првиот квартал од 2018).
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА