Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез на синоќешното дерби на Манчестер влезе во 83. минута при резултат 0-2 за Сити, заменувајќи го Матео Дармијан. Ѕвездата на тимот од „Олд Трафорд“ на теренот помина вкупно 12 минути, во кои само еднаш имаше контакт со топката.
Без оглед на очајното издание, Чилеанецот ќе добие 75.000 фунти, поради клаузулата за настапи која ја има во договорот со „црвените ѓаволи“, да заработува бонус во висина од 75.000 фунти за секој натпревар на кој ќе одигра најмалку една минута во дресот на овој клуб. Санчез, кој не ги оправда очекувањата на навивачите на „црвените ѓаволи“, во Манчестер Јунајтед пристигна минатиот јануари, а неговата неделна плата изнесува 450.000 фунти, што го прави најплатен фудбалер во Премиер-лигата.
Оле Гунар Солскјер не смета на неговите услуги, а откако е тој на местото менаџер на тимот, Санчез е во сенка на Рашфорд и Марсијал, што значи дека на крајот на сезоната тој ќе го напушти тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА