Хуан Мата повторно ќе игра во шпанското првенство

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, летово ќе го напушти англискиот гигант и ќе се врати во шпанското првенство, пренесуваат медиумите на Пиринеите. На Мата договорот со „црвените ѓаволи“ му истекува летово, а нема заинтересираност ниту од негова страна, ниту од страна на клубот за негово продолжување.

Најголем фаворит за потпис на 30-годишниот фудбалер е Атлетико Мадрид. Преговорите се во тек, а двете страни се подготвени за потпис со кој Мата ќе се приклучи на тимот на Диего Симеоне.

Шпанскиот фудбалер по пет и пол години ќе го напушти Манчестер јунајтед, откако во 2014 година за сума од 37 милиони фунти се пресели во Челси. Мата ги помина младинските категории во Реал Мадрид, но не доби шанса во сениорскиот тим, а својата слава ја стекна во Валенсија во која настапуваше од 2007 до 2011 година.

Се вчитува...