Шего не ја виде топката – „бомба“ на Криштопанс за печат на победата (видео)

Даинис Криштопанс одигра уште еден фантастичен натпревар во дресот на Вардар, покажувајќи дека договорениот трансфер во ПСЖ воопшто не влијае врз неговата мотивација секогаш кога ќе го облече црвено-црниот дрес.

Летонскиот џин го постигна и најубавиот гол на натпреварот, оној последниот кога со звукот на сирената од десет метри ја смести топката во мрежата на немоќниот Марин Шего.

 

Се вчитува...