Проблемите во Манчестер Јунајтед продолжуваат, откако медиумите во Британија информираат дека фудбалерите на „црвените ѓаволи“ немаат доверба во Оле Гунар Солскјер кога е во прашање Пол Погба. Тие сметаат дека Норвежанецот нема доволно авторитет да го смири Погба, кој се однесува како под водство на Мурињо.
Французинот сака да го натера клубот да го продаде, а во тој прилог оди информацијата дека неговиот менаџер Мино Раиола го откажа состанокот, околу потпишувањето на нов договор. Тоа е порака дека Погба сака да замине од „Олд трафорд“, бидејќи тимот е во полоша ситуација од 2012 година кога тој замина во Јувентус.
Најголеми фаворити за услугите на ѕвездата на Јунајтед се Реал Мадрид и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА