Зидан ја затвори вратата за Рабио

Реал Мадрид се откажа од трката по Адриен Рабио откако Зинедин Зидан самиот ставил до знаење дека фудбалерот на ПСЖ не му е потребен во „кралскиот клуб“ дури и во ситуација кога е достапен на пазарот како слободен играч. „Кралевите“ се интересираа да го доведат Рабио, но ситуацијата се промени откако Зидан седна на клупата, посочувајќи поинакви приоритети за најтрофејниот европски клуб.

Погба е главната желба на Зизу за средниот ред, се преговара и со Ериксен  и со Пјаниќ, ситуација која е јасен знак дека за Рабио воопшто нема да има место во средниот ред на „кралевите“ за следната сезона. Ако се знае дека Французинот бара најмалку 10 милиони евра по сезона, јасно е зошто Зидан не сака да му даде толкава плата на играч за кого ќе нема место во стартниот тим.

Барселона исто така нема намера да го доведе асот на ПСЖ, за кого сега најреална опција е преселба во Премиер-лигата. Јирген Клоп се интересира за Рабио, но се уште нема испратено официјална понуда, а Тотенхем и Арсенал исто така сакаат да го доведат овој фудбалер во своите редови.

Се вчитува...