Возачите на Ферари Шарл Леклер и Себастијан Фетел беа најбрзи на вториот тренинг за Големата награда на Азербејџан. Младиот возач од Монако до првото место стигна со време од 1:42.872, што беше за 324 илјадити дела од секундата подобро од клупскиот колега Германецот, Себастијан Фетел. Третото место му припадна на актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес, четврти беше Макс Верстапен од Ред бул, а на петто место заврши Финецот Валтери Ботас.
Првиот тренинг беше откажан поради бизарната ситуација во која возачот на Вилијамс, Џорџ Расел помина преку полуотворена шахта на градската патека во Баку.
Квалификациите се закажани за утре во 15 часот, а трката е во недела во 14:05 часот.
After a severely shortened FP1, the drivers were itching to get out in FP2
And it was @ScuderiaFerrari who came out on top in Baku ⏱️#AzerbaijanGP ?? #F1 pic.twitter.com/NvD52nsFgY
— Formula 1 (@F1) April 26, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА