Барселона го доби Анадолу Ефес со и обезбеди мајсторка во четврфиналето од кошаркарската Евролига. Во првото полувреме двете екипи си поделија по една четвртина за на полувреме да се замине со минимална предност на гостите од два поени (36-38).
Клучен период за победа на „каталонскиот гигант“ беше третата четвртина која избраниците на Светислав Пешиќ ја добија со убедливи 15 поени разлика, за по три периоди резултатот да биде 63-50. До крајот единствено нешто што усепаја гостите е да го намалат резултато за конечни 82-72.
Најефикасен во денешниот триумф на „каталонците“ беше Лајл Курич со 19 поени, а кај Анадолу Ефес Шејн Ларкин уфрли 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА