Англискиот фудбалски репрезентативец Дени Роуз е разочаран од казната од само еден натпревар без присуство на публика, која ја заработи репрезентацијата на Црна Гора поради расистички испади.
Фудбалската селекција на Црна Гора без публика ќе мора да го одигра мечот против Косово, а бекот на Англија е многу разочаран од одлуката, со оглед дека тој, Рахим Стерлинг и Калум Хадсон – Одои беа предмет на расистички навреди од публиката во Подгорица.
„Тоа не е доволна казна, но не сум изненаден. Срамно е како се постапува со расизмот. Тоа ме шокира, иако знам дека не можам многу да влијаам. Се надевам дека никогаш повеќе нема да морам да играм во Црна Гора“, изјави Роуз.
Натпреварот меѓу Црна Гора и Англија во квалификациите за ЕП 2020 заврши со убедлива победа на гостите од 1-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА