Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал стигна до осмиот последовен шампионски пехар во кариерата, прв со тимот на Барселона. Претходно, Видал славеше шампионски титули и со Јувентус и со Баерн Минхен. Потоа пристигна на „Камп Ноу“ и повторно ја освои титулата и во Шпанија.
Играчот за врска освои четири шампионски трофеи со „старата дама“, има три пехари од првенството на Германија со Баерн Минхен, а почна да ниже трофеи и со Барселона. Каталонскиот гигант на „Камп Ноу“ го совлада Леванте со 1-0 и обезбеди недостижна бодовна предност во однос на конкурентите.
Андреа Барѕалји и Џорџо Кјелини во Италија имаат осум последовни титули со Јувентус,а Златан Ибрахимовиќ тоа го има сторено дури со пет клуба, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА