Како да го изнервирате Алегри: Само потсетете го на Ајакс (видео)

Кога си тренер на Јувентус, нормално е неуспесите да ти се бројат повеќе од успесите. Го знае тоа и Масимилијано Алегри, но трофејниот стратег сепак ги загуби нервите по завршувањето на дербито со Интер, кога го прекина инервјуто за телевизијата „Скај“ откако по анализата за дербито со Интер беше потсетен на неуспехот против Ајакс.

„Не патевме ние пртив Ајакс поради нивниот стил на игра, туку поради контранападите. Затоа изгледаше дека играат неверојатен фудбал. Природно е повеќе да ризикувате кога губите, или кога грешите во додавањата почесто од вообичаено“ – почна нервозно Алегри, а потоа уште повеќе го зголеми тонот кон соговорникот: „Во Италија сите станаа фудбалски теоретичари и тоа е главниот проблем. Сега замолкни, јас зборувам… Не знаеш ништо за фудбалот, оди и читај книги, кога не знаеш ништо за праксата во овој спорт. Јас освои шест скудета“ – изјави Алегри пред да го напушти интервјуто.

Погледнете како изгледаше оваа расправа…

Се вчитува...