Ботас е победник на Ф1 трката во Баку, повторно 1-2 за Мерцедес

Тимот на Мерцедес ја продолжува доминацијата во Формула 1 сезоната откако Валтери Ботас триумфираше на трката за големата награда на Азербејџан во Баку, а Луис Хамилтон заврши на второто место. Двоецот на Мерцедес во идентичен редослед ја почна трката од првиот стартен ред. За Ботас ова е втора победа сеозонава, идентичен број триумфи има и Хамилтон.

Себастијан Фетел од Ферари заврши на третата позиција. Неговиот тимски колега, Шарл Леклер финишираше на петтата позција, а го освои и дополнителниот бод за најбрз круг на трката.

По четири трки од сезоната Ботас со 87 бода го преземе врвот на генералниот поредок, еден помалку на второто место има Луис Хамилтон. Разликата ја прави бодот што во Австралија го освои Ботас за најбрз круг на трката.

Следната Формула 1 трка е во Шпанија на 12 мај.

 

 

 

 

Се вчитува...