Илија Несторовски продолжи со одличните игри во дресот на Палермо постигнувајќи гол во ремито со Ливорно, со што Македонецот си обезбеди место во историјата како еден од петте најдобри стрелци на сицилијанскиот клуб на сите времиња.
Погодокот против Ливорно беше вкупно 38. за Несторовоски во дресот на Палермо, со што тој го остави зад себе и Единсон Кавани. Сегашниот голгетер на ПСЖ има 37 гола зад своето име во сицилијанскиот клуб, и тоа за вкупно 117 одиграни натпревари, додека Несторовски до 38 гола стигна со 97 одиграни средби за сицилијанците.
Сега пред Несто-гол е Данте де Масо, кој пред повеќе од 60 години го носеше дресот на Палермо. Де Масо има четири гола повеќе од Македонецот и е достижен веќе во текот на оваа сезона, за разлика од најдобрите тројца стрелци во историјата на Палермо, Фабрицио Миколи со 81, Гито со 53 и Лука Тони со 51 погодоци во настапите на сицилијанскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА