Фенербахче скапо ја плати последната првенствена победа над Дарушафака, по повредата што во второто полувреме ја заработи Џиџи Датоме. Италијанскиот репрезентативец пмораше предвреме да го заврши мечот, а лекарските прегледи покажаа дека повредата не е нималку наивна.
„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но Датоме ќе паузира во следните неколку седмици. Целта е доколку можеме, да го оспособиме за настап на фајналфор турнирот од Евролигата“ – соопштија од лекарскиот тим на Фенербахче.
Ова е уште еден во низата проблеми за Жељко Обрадовиќ, кој не може да смета ниту на Тајлер Енис и на Ловерњ. Покрај нив, повреден е и Никола Калиниќ, но се очекува Србинот да се врати навреме за Ф4 турнирот.
Завршниот турнир во Евролигата ќе се играод 17 до 19 мај во Виторија, Шпанија. Пласман на Ф4 веќе обезбедија Фенербахче, ЦСКА Москва и Реал Мадрид, а последниот патник ќе го даде мајсторката меѓу Анадолу Ефес и Барселона, закажана за среда во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА