ФОТО: Меси со специјални копачки на дуелот со Ливерпул

Лионел Меси ќе настапи на утрешното полуфинале од Лигата на шампионите против Ливерпул во специјални копачки дизајнирани за аргентинскиот ас токму за пресметките со тимот од „Енфилд роуд“.

Спонзорот на Меси, компанијата „Адидас“, го изненади Аргентинецот со новиот дизајн на копачки,  “Nemeziz 302 Redirect”, во црвена боја.

Дуелот на „Камп ноу“ се игра утре со почеток во 21 часот, а реваншот на „Енфилд роуд“ на програмата е на 6 мај.

Се вчитува...