Одбојкарите на Џио Струмица го освоија првиот овосезонски трофеј, триумфирајќи во финалето од Купот на Македонија над Универзитет Тетово со 3-0 во сетови.
Струмичани го искористија фактот дека играа на домашен терен, доминираа на теренот од почеток до крај и заслужено се закитија со трофејот. Џио Струмица го доби првиот сет со 25-18, а најголема битка се водеше во вториот дел од мечот, во кој тетовци пропуштија шанса за израмнување, па струмичани триумфираа со 27-25. Отпорот на противникот веќе беше скршен, па во третиот сет Џио Струмица утински триумфираше со 25-17, за печат на освоениот пехар.
За потсетување, трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција заврши во рацете на одбојкарките на Работнички, кои во финалето славеа над Наковски волеј со 3-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА