По пропаднатите преговори со Барселона и ставот на Зинедин Зидан дека тој не е во фокусот на Реал Мадрид, францускиот фудбалер Адриен Рабио, повторноп е интересен за италијанскиот првак Јувентус. Раководството на клубот повторно ги интензивира преговорите со неговата мајка, која му е и фудбалски агент, сакајќи да го доведе во Торино по завршувањето на сезоната.
Рабио подолг период е во немилост на Пари Сен Жермен, откако одби да го продолжи договорот со „светците“. Тој е префрлен да тренира со Б-тимот и тренерот Томас Тухел воопшто не смета на неговите услуги.
Јувентус е еден од клубовите кој мајсторски умее да ангажира фудбалери кои се слободни агенти, таков е случајот и со Арон Рамзи, кој од Арсенал ќе пристигне во Торино ова лето. Следен би можел да биде токму Адриен Рабио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА