Уште еден шок за Ливерпул: Крај на сезоната за Кеита

По синоќешниот пораз на Ливерпул од Барселона во Лигата на шампионите, уште еден шок за Англичаните по информацијата дека завршува сезоната за фудбалерот од средниот ред, Наби Кеита.

Кеита се повреди на синоќешниот дуел против Каталонците, а по денешните детални прегледи утврдено е дека нема да може да игра во следните 30 дена.

Ова е секако нов удар за „црвените“ кои во финишот од сезоната ќе играат без важен фудбалер во трката за шампионската титула во Англија.

Кеита првата сезона во Ливерпул ја завршува со вкупно 33 настапи во сите натпреварувања, со три постигнати погодоци и една асистенција.

Се вчитува...