Менаџерот на Манчестер Јунајтед Oле Гунар Солскјер пред натпреварот со Хадерсфилд во 37. коло во Премиер-лигата му пружи поддршка на Давид де Хеа кој во последно време прави мног грешки на голот на тимот од „Олд трафорд“.
„Давид е добар, тренираше и ќе игра во недела. Имаше фантастична сезона, а сега е на насловните страници поради грешките што ги прави и мора да се носи со тоа. Голманите во нашиот тим знаат за подобри денови, но тоа е што е и Давид е подготвен за мечот со Хадерсфилд. Самодовербата е на високо ниво и одвај го чека натпреварот. Сака да покаже колку е добар голман и затоа ја има мојата доверба“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед ќе му гостува на тимот на Хадерсфилд, а мечот ќе се игра во недела со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА