Шкендија е неприкосновена според квалитетот во Првата фудбалска лига и со триумфот (0-1) над Работнички во Скопје и официјално ја одбрани шампинската титула. Тимот на Ќатип Османи има недостижни 13 бода предност на четири кола до крајот на првенството, па шефот на стручниот штаб на рацете на своите фудбалери имаше шампионски лет кон небото.
Шкендија апсолутно заслужено го завери шампионскиот пехар, со оглед на доминацијата во најголем тек од шампионатот. Енур Тотре со голот во 90.минута денеска донесе триумф над Работнички и заверка на новиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА