Летечкиот Македонец… Манасков со Веспрем на Ф4 турнирот во Келн (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со Веспрем ќе игра на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн, откако и во реваншот против Фленсбург славеше со 29-25, па со вкупни 57-47 си обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Пласманот меѓу четирите најдобри во Европа Манасков го зачини и со мајсторијата во финишот на првото полувреме, кога не го остави голманот на германскиот тим Бергеруд да се израдува на интервенцијата.

 

 

Се вчитува...